Римако дооел е основана во 2001 година  со основна дејност трговија со земјоделски машини и резервни делови за земјоделски мaшини.
Од самиот почеток Римако дооел на пазарот во Македонија се претстави со широк асортиман  на високo квалитетни  земјоделски  приклучни машини  и оригинални резервни делови  
Денес партнери на Римако се над 50 компании од ЕУ  со огромен асортиман на технолошки најопремени земјоделски машини кои можат да извршуваат и најсложени работи во земјоделието .

Со гордост можеме да кажеме дека резултат на нашата досегашна работа е високото ниво на почитување што го искажуваат и најголемите земјоделски компании од сите региони на Македонија. Со одговорното работење и сериозниот пристап кон проблемите и потребите на земјоделците Римако го направија да биде Компанија во која земјоделците веќе имаат голема доверба.
Наша најдобра референца е нашите клиенти во Римако да имаат крајно сигурен и доверлив партнер за соработка.
Наша визија е  Римако дооел  секогаш да дистрибуира земјоделски Машини со нјсовремена и иновативна технологија, со голема продуктивност и ефикасност во работата со докажан квалиетет и прифатливи цени.

Почитувани Дами и Господа
Ви благодариме  што ја посетивте нашата интернет страница. Ние ќе бидеме среќни да ви помогнеме со необврзувачки консултации да направите вистиснски избор на вашата  нова земјоделска машина .
Римако дооел  се радува на вашиот повик и посета.